домаМакедонијаНаумов: Сведочиме дека дилетанти и разни шпекуланти се доволни да го претстават...

Наумов: Сведочиме дека дилетанти и разни шпекуланти се доволни да го претстават нашето културно наследство

- Advertisement -spot_img

За жал, сведочиме дека разни инфлуенсери и дилетанти се доволни да го претставуваат нашето културно наследство, изјави д-р Гоце Наумов, археолог, во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„Сведочевме луѓе кои зборат за пирамиди, зборуваат за геоглифи, зборуваат за разни чуда кои ги има во Македонија и кои стануваат гласот на македонската наука, за жал, кои воопшто не се ниту научници или во било која сфера на хуманистичките науки или дисциплини. И тие на некој начин ја создаваат реториката преку која поширокиот народ го препознава нашето културно наследство“, вели Наумов.

Според него, тој критичен момент е веќе почнат и станува сè поризичен, бидејќи им се дава сè повеќе простор.

„Сè помалку простор добиваме ние како стручњаци. Морам да акцентирам и еден друг феномен кој го имаме кај нас, а тоа е што оваа земја, колку што знам единствена во Европа, која на своите банкноти го има акцентирано културното наследство. Ние го немаме Страшо Пинџур на банкнотите, го немаме Дедо Иљо Малешевски, го немаме Блаже Конески, туку имаме Менада од Тетово, имаме антропоморфен модел, неолитски, од Говрлево, имаме елементи од ранохристијанската уметност од Хераклеја, имаме елементи од Шарената џамија во Тетово… Значи ние врвот на нашето културно наследство го идентификуваме со нашиот идентитет. Она што во секоја земја од дамнина до денеска е формален идентитет е всушност монетоковањето во минатото, односно монетарната независност во секоја од овие земји. Нашите банкноти всушност функционираат како еден вид на музеј или галерија. Од друга страна не им дозволувате на оние кои тоа го одредиле како културно наследство, да го претстават на темелен и соодветен начин, туку напротив им давате шанса на оние дилетанти и разни шпекуланти кои создаваат големи теории“, истакна Наумов.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img