Кристијан Корабоски, кој викендов брутално претепа млада девојка во Охрид, од синоќа е во притвор во Затворот во Охрид, потврдија за Инфомакс утрово од Основниот кривичен суд во Охрид.
– Се одржа рочиштето по итна постапка, обвинителот поднесе обвинителен предлог за три кривични дела и барање за посебна мерка 30 дена притвор и по основи на бегство и повторување на кривичното дело, судијата се согласи со предлогот и изрече мерка 30 дена, истата се спроведува од синоќа во затворот во Охрид, потврдија од Судот.
Основното јавно обвинителство Охрид вчера поднесе обвинителен предлог за сторени три кривични дела, тешка телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.
Детали за настанот можете да прочитате во продолжение.






