Home » Наташа Беквалац откри како симнала 10 кг: СЕГА ГРМИ!

Наташа Беквалац откри како симнала 10 кг: СЕГА ГРМИ!

by Lina Muslija

Изгледот на Наташа Беквалац отсекогаш бил коментиран, дури и кога призна дека качила неколку килограми, секогаш важела за неверојатна убавица.

Пејачката во последните две години ја усоврши својата линија – иако признава дека генетиката игра голема улога во нејзиниот изглед, Ната признава дека дисциплинираниот однос кон храната е заслужен за нејзиниот изглед по 40-тата година.

– На мои години не станува збор за тоа дека можам да јадам што сакам и кога сакам или воопшто да не вежбам. Пред 15 години можев да кажам дека тоа е само мојата генетика, но сега работите се сменија. Секој ден имам точен план – знам каква храна да јадам, колку вода да пијам и колку да се движам. Морам да бидам во топ форма во секое време. Ако пропуштам 10 дена вежбање, тоа многу го забележувам, рекла пејачката.

Кога од своето мени ги отстранила печивата, компирите, сојата, гравот, боранијата, тестенините, грашокот, оризот, грицките, слатките и соковите, таа изгубила 10 килограми за еден месец.

Овошје јаде само во недела, а дозволен и е секаков вид на месо, доколку не е претерано масно.

Наташа не се откажала од јајцата и млечните производи, но признала дека не јадела многу кашкавал или фета сирење.

Јадела свеж зеленчук во неограничени количини, а омилени и се зелката, зелената салата, кромидот, доматите и карфиолот, брокулата…

Најмногу јаде јаткасти плодови, а пие и по два и пол литри вода дневно.

За нејзината совршена фигура пресуден открива бил и распоредот на консумирање храна. Шест дена строго се придржува до храната што и е пропишана, а потоа во недела јаде ориз, компир или тестенини.

Единствената храна од која целосно се откажала биле слатките, а одлични резултати, вели, давале и редовните тренинзи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More