Home » Почина Еленор Копола, наградувана режисерка и сопруга на Френсис Форд Копола

Почина Еленор Копола, наградувана режисерка и сопруга на Френсис Форд Копола

by Lina Muslija

Почина Еленор Копола, американска режисерка и сопруга на Френсис Форд Копола, на 87 години, соопштија членови од нејзиното семејство.

Копола почина во петокот опкружена со семејство дома во Радерфорд, Калифорнија, објави нејзиното семејство во соопштение. Не е наведена причина за смртта, пренесува „Вараети“.

Режисерката доби награда Еми за хрониката на 238-дневната продукција на филмот „Апокалипсата денес“ на нејзиниот сопруг Френсис Форд Копола во документарниот филм „Срцето на темнината: Апокалипса на филмскиот творец“.

Како креативен партнер на нејзиниот сопруг Френсис, Еленор почна да го снима својот документарен филм за време на продукцијата на неговиот игран филм за војната во Виетнам. Копола подоцна го напиша и режираше филмот „Париз може да чека“, кој беше премиерно прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во 2016 година. Во 2020 година следеше вториот филм, ансамблот „Љубовта е Љубовта е љубовта“.

Родена како Еленор Џеси Нил во Лос Анџелес на 4 мај 1936 година, таа пораснала во Хантингтон Бич пред да дипломира на Универзитетот во Калфорнија со диплома за применет дизајн. Таа го запознала својот сопруг додека работела како помошник уметнички директор на продукцијата на „Деменција 13“ на Роџер Корман, режисерско деби на Френсис Форд Копола. Двајцата се венчаа во 1963 година, откако Еленор откри дека е бремена со нивното прво дете, Џан-Карл. Имаа уште две деца, режисерката Софија и писателот и продуцент Роман Копола.

Копола ја остави нејзиниот сопруг Френсис, нивните деца Софија и Роман и три внуци. Нивниот најстар син, Џан-Карло, почина во 1986 година на 22-годишна возраст како последица на повредите здобиени во несреќа со глисер.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More