Интензивни средби со ЕУ најави премиерот Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите. Откако се сретнана самитот во Тиват со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц сите од своите кабинети назначиле по еден преставник за комуникација.
Наместо како до сега да се среќаваат два пати годишно во јуни и декември, од сега тоа ќе се случува два пати месечно рече Мицкоски. Задоволен е од предлогот за постепена интеграција во Европската Унија, кој беше даден на Самитот кој се одржа во Тиват.
Самитот во Тиват беше од најсуштинско значење за нашата земја откако јас сум Премиер овие две години. До Мерц дадов сугестија за Западен Балкан со која би имале поинаков пристап и наместо да чекаме на отворање на поглавјата, барем да одиме со исполнувањето на Планот за раст и со исполнување на кандидатски статус. Сепак задоволен сум и што договоривме засилена динамика на средби, и тие ќе бидат два пати месечно назначувајќи по еден преставник од нашите кабинети – Христијан Мицкоски – Премиер.
Инаку Мицкоски најави дека од денеска ќе почне да се процесуира договореното содржано во нон пејперот на Макрон и Мерц. Тој вели дека не се исклучува можноста и за проширување на ЕУ во пакет со земјите од Западен Балкан. Било разговарано и за отвореното прашањешто Македонија го има со Бугарија и но не сакаше да сподели информации.
Прашањето за преговорите со Бугарија е премногу сензитивно и не би сакал да откривам детали за она што беше разговарано. Но, да нема забуни ние не отстапуваме од нашите темелни вредности и принципи кои ги имаме и до сега, и нашата политика не се менува- Мицскоски.
Во петокот во Тиват во Црна Гора, се одржа самит Европска Унија – Западен Балкан, а веќе во среда во Софија, Бугарија, ќе се одржи самит во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Таму е можна средба на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со бугаската колешка Илијана Јотова, но Мицковски рече дека не знае дали таа ќе се одржи.








