домаМакедонијаРегистрирани 46 пожари на отворен простор од кои 16 се активни

Регистрирани 46 пожари на отворен простор од кои 16 се активни

- Advertisement -spot_img

Вкупно 46 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 19:00 часот од кои 16 се активни, еден е под контрола, а 29 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има во Општина Врапчиште: с. Топлица (ниска вегетација); Општина Битола: с. Меџитлија (стрниште); Општина Прилеп: кај Дата Центарот (ниска вегетација и стрниште); Општина Прилеп: над вештачкото езеро (ниска вегетација); Општина Гевгелија: с. Миравци (мешана шума); Општина Дебар: с. Татар Елевци кон Кораб и с. Бањште (смреки, папрат и трнливи грмушки); Општина Тетово: над Боговинско Езеро на Шар Планина (пасишта); Општина Чашка: с. Јаболчиште, кај местото викано „Биков Гроб“, помеѓу карпестиот дел Долно Бегово и планината Горна Јакупица (шума); Општина Липково: с. Матејче (борова шума); Општина Липково: с. Стрима (борова шума); Општина Куманово: с. Матејче (ниска вегетација); Општина Куманово: ул. „Ѓорѓе Петров“ бр. 339 (ниска вегетација); Општина Куманово: индустриска зона, кај „Лидл“ (ниска вегетација); Општина Студеничани: помеѓу с. Драчевица и с. Цветово (ниска вегетација); Општина Сарај: с. Долно Свиларе (ниска вегетација); и Општина Долнени: помеѓу селата Браилово и Сенокос (ниска вегетација).

Под контрола е пожарот во Општина Центар Жупа кај село Џепиште каде гори сува трева и нискостеблеста шума.

Изгаснати се пожарите во Општина Долнени: с. Заполжни (стрниште); Општина Штип: с. Шашаварлија (ниска вегетација);
Општина Кочани: с. Вранинци, м.в. „Мегдан“ (ниска вегетација); Општина Виница: с. Јакимово (стрниште); Општина Валандово: с. Пирава (сува трева, капини и насад со јапонско јаболко); Општина Дебарца: помеѓу селата Белчишта и Злести (ниска вегетација); Општина Дебар: с. Бомово (ниска вегетација); Општина Струга: с. Драслејца (ниска вегетација); Општина Струга: с. Горно Татеши (ниска вегетација); Општина Струга: с. Ложани (ниска вегетација и стрниште); Општина Струга: с. Велешта (сува трева, трња и грмушки); Општина Струга: с. Франгово (сува трева, трња и грмушки); Општина Струга: с. Франгово, м.в. Франгови Ливади (ниска вегетација); Општина Кичево: населба Горно Пашино (стрниште); Општина Брвеница: с. Стенче (ниска вегетација); Општина Желино: с. Палатица (ниска вегетација); Општина Врапчиште: с. Врапчиште (ниска вегетација); Општина Врапчиште: с. Добри Дол (ниска вегетација); Општина Гостивар: помеѓу селата Чегране и Тумчевиште (ниска вегетација); Општина Гостивар: с. Равен (ниска вегетација); Општина Гостивар: с. Равен (ниска вегетација); Општина Гостивар: с. Дебреше (ниска вегетација); Општина Бутел: с. Љубанци (мешана шума); Општина Бутел: Љуботенски пат (ниска вегетација); Општина Гази Баба: с. Јурумлери (ѓубре); Општина Гази Баба: Парк-шума Гази Баба (ниска вегетација); Општина Шуто Оризари: населба Визбегово (ѓубре); Општина Аеродром: бул. „АСНОМ“ (ниска вегетација); и Општина Зелениково: с. Пакошево (ниска вегетација).

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img