домаЕкономијаНамалување на ДДВ за дизел, од 18% на 10%

Намалување на ДДВ за дизел, од 18% на 10%

- Advertisement -spot_img

Владата денеска ќе одржи седница на која треба да донесе нова мерка за ублажување на растот на цените на горивата – намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Најавата доаѓа пред утрешната корекција на цените на горивата од Регулаторната комисија за енергетика. Мицкоски очекува наместо драматично зголемување, да има намалување на цената на дизел горивото.

Христијан Мицкоски – Претседател на Влада: „Мерки веќе имаме — намалени акцизи и за дизелот и за безоловното гориво. Во текот на денот денеска ќе имаме повторно владина седница преку видео-врска и ќе донесеме уште една мерка, а тоа е намалување на данокот на додадена вредност за дизел горивото од 18 на 10 проценти, со што очекуваме наместо да има драматично зголемување, да има намалување на цената на дизел горивото. Секако, тоа ќе има некакви импликации врз буџетот, но она што е наш интерес како Влада е да го штитиме колку можеме и умееме и знаеме стандардот на граѓаните“….

Опозицијата обвинува дека мерката е задоцнета и половична – Од СДСМ велат дека уште на почетокот на кризата побарале ДДВ на горивата да падне на 5 проценти, акцизата да се укине веднаш, а ДДВ на основната храна да се симне на нула.

СДСМ: „Владата на бандата не мрдна. Ги пушти цените да побеснат. Го гледаа народот како полни резервоар на рати и купува половина корпа. Сега, кога штетата е направена, излегуваат со половична мерка и бараат аплауз.

Ова не е грижа. Ова е доцна шминка. Прво те дере. Потоа ти враќа ситно и се претставува како спасител. Мицкоски признава и сам: цената „во суштина не е ниска“. Само била поевтина од соседството.“

Според последната одлука на Регулаторната комисија малопродажните цени на нафтените деривати се зголемија во просек за околу 4%… Најголемо поскапување имаше кај дизелот кој се продава по максимална цена од 101 денар за литар, што е за шест денари повеќе од претходно.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img