Македонско исламско здружение се најде на списокот на организации што египетскиот Кривичен суд во Каиро ги прогласи за терористички. Одлуката, објавена вчера во египетскиот службен весник, опфаќа вкупно 35 организации и 36 луѓе од повеќе европски држави, кои ќе бидат внесени во националните регистри на терористички организации и лица во период од пет години.
Меѓу организациите наведени во одлуката има исламски здруженија и институции од Франција, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Шведска, Италија и од други европски земји.
На списокот се наоѓа и организација од Македонија, наведена под арапското име „Таджаму ал-Шабаб ал-Ислами“, што во превод значи „Исламско младинско здружение“.
Засега нема доволно јавно достапни информации за да се утврди за која точно македонска организација станува збор. Името на египетскиот список по преводот потсетува на здружението „Исламски младински форум – Скопје“, кое е регистрирано во Македонија, но нема потврда дека станува збор за истиот субјект, пишува порталот „Религија“.
Меѓу останатите организации опфатени со судската одлука се Советот на муслиманите во Европа, Исламската асоцијација во Велика Британија, Лигата на муслиманите во Швајцарија, Исламската заедница во Германија, Европскиот совет за фетви и истражувања, Европскиот совет на имами и Европскиот институт за хуманистички науки.
Во досега објавените информации нема посебно образложение за македонската организација, ниту се наведени конкретни докази за нејзина наводна поврзаност со терористички активности. Не се објавени ниту детали за причините поради кои таа е вклучена во списокот.
https://x.com/EYakoby/status/2120337370914386352?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E2120337370914386352%7Ctwgr%5E42d43c9bbc84b9e9c399725179a338e6d19a9d4d%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Finfomax.mk%2Fd0b5d0b3d0b8d0bfd0b5d182-d181d182d0b0d0b2d0b8-d0b8d181d0bbd0b0d0bcd181d0bad0be-d0b7d0b4d180d183d0b6d0b5d0bdd0b8d0b5-d0bed0b4-d0bcd0b0%2F






