домаМакедонијаНад 2,5 часа се чека за влез од Грција кон Македонија

Над 2,5 часа се чека за влез од Грција кон Македонија

- Advertisement -spot_img

Крајот на продолжениот викенд и враќањето на граѓаните донесоа значително зголемена фреквенција на возила на патиштата низ земјава, како и подолги задржувања на дел од граничните премини.

Најголема гужва се бележи на граничниот премин Евзони-Богородица, во насока од Грција кон Македонија, каде за влез во земјава се чека и повеќе од два и пол часа.

Во спротивната насока, од Македонија кон Грција, возилата се пропуштаат побрзо.

Слична е состојбата и на граничниот премин Дојран, каде исто така има зголемена колона на возила кои се враќаат од Грција.

Зголемен интензитет има и во внатрешноста на земјата.

Гужви се забележуваат на наплатните станици, како и на патниот правец Охрид-Скопје, особено на приодот кон Гостивар.

Од АМСМ денеска официјално информираат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img