Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ информираше дека денеска на негова покана, а во приватна посета, првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин пристигнал во Скопје.
„Некои гости не доаѓаат само во посета, туку се враќаат затоа што имаат причина да се чувствуваат добредојдени. Големо задоволство е повторно да го пречекам претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, кој на моја покана престојува во приватна посета на Македонија и ФФМ“, истакна Омерагиќ.

Тој посочи дека вечерва заедно ќе го следат дуелот Македонија – Словенија.
„На теренот секој за своите, надвор од него, повеќе од пријателство. Добредојде повторно, Александар. Македонија е секогаш добар избор! Посебно, денеска“, порача првиот човек на македонскиот фудбал.






