Берово со -4 степени утрово беше најстуден град во Македонија. Минусни температури беа измерени и во Тетово, Струмица, Скопје-Петровец каде беа измерени -2 степени. Минус еден степен имаше во Демир Капија, Куманово, Маврово, Битола, Крива Паланка и Велес. Во Штип, Кавадарци и Гевгелија беа измерени нула степени, додека Прилеп, Скопје-Зајчев Рид и Крушево 1 степен. Најтопли градови беа Виница, Охрид и Претор со измерени два степени.
Денеска времето променливо облачно, претпладне со магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежи од дожд. Во Скопје претежно облачно со слаб јужен ветер.
Максималните температури ќе бидат во интервал од осум до 13 степени.








