HomeМакедонијаОпштина Битола објави јавен повик: 540.000 денари за проекти на советите

Општина Битола објави јавен повик: 540.000 денари за проекти на советите

- Advertisement -spot_img

Општина Битола објави јавен повик за финансиска поддршка на програми и проекти на советите кои функционираат во рамки на општината, со цел унапредување на социјалната заштита и развој на локалната заедница.


Предмет на повикот е прибирање понуди за поддршка на активности на повеќе совети, меѓу кои Советот за превенција на детско престапништво, Советот за социјална заштита, Советот за превенција, ЛЕСС, Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Советот за женско претприемништво, Локалниот младински совет, Советот за заштита на потрошувачи и Волонтерскиот совет.


Средствата ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Битола за 2026 година, согласно Програмата за социјална заштита, а вкупниот износ предвиден за оваа намена изнесува 540.000 денари. Висината на финансиската поддршка ќе се утврдува врз основа на доставените проектни предлози и расположливите средства во програмата.
Реализацијата на избраните проекти ќе биде дефинирана со договор меѓу здружението или советот и општината, при што крајниот рок за спроведување е најдоцна до декември 2026 година.


Документацијата за учество на јавниот повик се доставува во архивата на Општина Битола или по пошта на адреса: Булевар „1-ви Мај“ бр. 61, Сектор за економски развој, јавни дејности и ИТ, со назнака „Пријава за јавен повик за социјална заштита“.


Рокот за пријавување е 10 работни дена од денот на објавувањето на повикот, односно најдоцна до 30 април 2026 година.

ЛИНК ДО ЈАВНИОТ ПОВИК

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img