12.8 C
Skopje
6 March, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМуцунски во неколкудневна посета на Литванија

Муцунски во неколкудневна посета на Литванија

- Advertisement -spot_img

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски до сабота ќе престојува во посета на Литванија на покана на неговиот литвански колега Кештутис Будрис.

Покрај средбата со неговиот домаќин, министерот Муцунски ќе оствари повеќе средби во литванскиот Парламент каде ќе се сретне со членовите на комисиите за надворешни работи, за ЕУ прашања и со членовите на Групата за соработка со земјите од Западен Балкан.

Во фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи, македонската интеграција во Европската унија и клучните регионални и европски прашања.

Министерот Муцунски ќе ги претстави и економските потенцијали на земјава при посетата на Конфедерацијата на индустријалци, каде ќе оствари средба со претседателот на Конфедерацијата Видмандас Јанулевичиус. Во Министерството за економија ќе оствари средба со министерот Eдвинас Грикшас.

Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари средба и со македонски иселеници кои живеат и работат во Литванија.

Ова е прва посета на министерот Муцунски на Вилнус и се реализира во годината во која двете земји одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img