домаМакедонијаМу побарале уплата на шалтер, тој го скршил стаклото: Инцидент во тетовската...

Му побарале уплата на шалтер, тој го скршил стаклото: Инцидент во тетовската болница

- Advertisement -spot_img

Инцидент се случил во Клиничката болница во Тетово, каде 24-годишен жител на тетовското село Палатица агресивно се однесувал откако му било побарано да изврши уплата за медицинска услуга.

Според пријавеното во СВР Тетово, Џ.М. на 1 септември околу 19:50 часот го скршил стаклото од приемниот шалтер. При инцидентот тој и двајца вработени во болницата се здобиле со повреди.

По интервенцијата на полициските службеници, 24-годишникот физички нападнал и полициски службеник.

Поради сериозноста на повредите, Џ.М. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување медицинска помош.

Извршен бил увид на местото, а од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img