домаМакедонијаСо субвенции се купувале трактори, а потоа се препродавале

Со субвенции се купувале трактори, а потоа се препродавале

- Advertisement -spot_img

Трактор набавен со државна поддршка не бил пронајден кај земјоделското стопанство на кое му бил доделен, а при контроли кај пчелари биле утврдени значителни разлики меѓу пријавениот и затекнатиот број пчелни семејства. Ова се дел од неправилностите откриени при теренските проверки во Охридско-струшкиот Регион, спроведени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Во селото Бичево, Струшко, при контрола на трактор набавен во 2023 година преку Програмата за рурален развој, механизацијата не била пронајдена ниту во земјоделското стопанство на корисникот, ниту на пријавените земјоделски површини.

Според изјавите на присутните, тракторот бил даден на користење на друго лице, а во стопанскиот двор немало траги од негово присуство. Дополнително, постоеле и писмени најави дека тракторот бил продаден, што ќе биде предмет на понатамошно утврдување.

Од Агенцијата потсетуваат дека корисниците на ваква финансиска поддршка имаат договорна обврска инвестицијата најмалку пет години да ја користат за потребите на сопственото стопанство, без да ја отстапуваат на трети лица или да ја отуѓуваат.

Неправилности биле утврдени и при контролите кај пчеларите. Во еден случај, корисник пријавил 50 пчелни семејства, но при проверката на лице место не било затечено ниту едно. Дополнително, според расположливите податоци, корисникот нема ниту регистарски број на одгледувалиште (РБО).

Во друг случај, пчелар пријавил 600 пчелни семејства, но контролорите на терен утврдиле само 190 семејства со пчели и уште 10 празни сандаци. Останатите околу 400 пријавени пчелни семејства не биле пронајдени при контролата.

За резултатите од проверките информираше директорката на Агенцијата, Иротова Лазарева, која посочи дека утврдените состојби отвораат сериозни прашања за начинот на користење на финансиската поддршка и веродостојноста на податоците што ги пријавуваат корисниците.

Таа нагласи дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, а ќе се спроведуваат во сите фази – пред исплатата на средствата, по исплатата и во текот на периодот во кој корисниците се должни да ги исполнуваат договорните обврски.

„Нема селективност и нема привилегирани“, порача директорката, нагласувајќи дека обврска на Агенцијата е да ги заштити чесните земјоделци и да обезбеди јавните средства да се користат за вистинско земјоделско производство.

https://www.vecer.press/so-subvenczii-se-kupuvale-traktori-a-potoa-se-preprodavale/

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img