Родители возеле околу 100 километри низ Италија мислејќи дека нивниот син спие на задното седиште во колата, а тој всушност бил починат, пренесува „Кориера дела сера“. Според информациите, семејството со романско потекло патувало кон Торино.
Трагичниот настан се случил вчера околу 7:30 часот наутро на автопатот А21 Торино-Пјаченца. Семејството возело по А21 кон Торино. Таткото возел, а мајката седела на совозачкото место. Родителите го игнорирале синот, мислејќи дека спие.
Кога подолго време не кажал ништо, тие застанале на место за одмор, го допреле и во тој момент сфатиле дека тој не дише. Тие веднаш повикале Брза помош, а кога пристигнал лекарот констатирал смрт. Родителите објасниле дека со нивниот син последен пат разговарале пред околу 100 километри.
Според информациите, 31-годишниот маж починал од срцев удар, дури и немал време да изговори збор за да повика помош. Тој во суштина преминал од сон во смрт без неговите родители да забележат. Родителите рекле дека тој страдал од мали срцеви проблеми.






