По десетици илјади посетители во Охрид, Битола и Велес, караванот продолжува низ Македонија!
Штип на 18. август ќе биде дел од одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија. На градскиот плоштад ќе пристигне караванот „Силно светнал ден“, кој носи музичка програма и настапи на повеќе од 100 македонски уметници.
Настанот ќе започне во 20:30 часот, а организаторите ги повикуваат граѓаните да бидат дел од прославата .
Вечерва караванот е во Куманово, а на 19. август во Прилеп.







