15.8 C
Skopje
12 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаМинистерството за финансии потпиша меморандум со ФИНКИ со фокус на едукација и...

Министерството за финансии потпиша меморандум со ФИНКИ со фокус на едукација и иновации во јавниот сектор

- Advertisement -spot_img

Министерството за финансии и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) потпишаа Меморандум за соработка, кој отвора нови можности за заеднички проекти, истражувања, обуки, конференции и дигитални иновации.

Целта на соработката е унапредување на развојот на јавните политики, поддршка на процесот на дигитализација во Министерството за финансии и зајакнување на капацитетите на вработените преку континуирано учење и усовршување.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, истакна дека овој Меморандум е дел од стратегијата за градење партнерства со академската заедница и поттикнување на стручна размена во области од заемен интерес.

„Соработката со ФИНКИ ќе овозможи споделување на знаења и експертиза, како и развој на иновативни дигитални решенија, што директно ќе ја подобри ефикасноста на јавниот сектор,“ истакна Димитриеска – Кочоска.

Со оваа иницијатива, Министерството за финансии ја потврдува својата посветеност на модернизацијата и на унапредувањето на стручниот капацитет на своите вработени.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img