домаСветНАТО е подготвен за можна руска ескалација, рече претседателот на Воениот комитет

НАТО е подготвен за можна руска ескалација, рече претседателот на Воениот комитет

- Advertisement -spot_img

НАТО е подготвен да одговори на можна руска ескалација на источното крило на Алијансата, изјави денеска адмиралот Џузепе Каво Драгоне, претседател на Воениот комитет на НАТО, по состанокот на највисоките воени команданти на 32-те членки во Копенхаген.

„Алијансата е подготвена, структурата е подготвена, војниците… оружјето е подготвено“, им изјави Каво Драгоне на новинарите.

Тој додаде дека НАТО продолжува да ги зголемува своите сили и бројчено и технолошки, како и дека постојат детални воени планови за различни сценарија, од ограничени безбедносни инциденти до директен напад.

Воениот комитет, највисокото воено тело на НАТО, се состана во Копенхаген за да разговара за зајакнување на колективната одбрана, технолошкиот развој и натамошната поддршка за Украина.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img