домаМакедонијаМицкоски: Eдна работа може да го запали целиот регион

Мицкоски: Eдна работа може да го запали целиот регион

- Advertisement -spot_img

По средбата на претставниците од Западен Балкан со високата претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, во Њујорк, премиерот Христијан Мицкоски побара од Брисел побрзо да испорача конкретни придобивки за граѓаните од регионот. Тој вели дека на средбата, добил чувство како постепено на Балканот да се враќаат темите од раните деведесетти години.

-Имав чувство дека се случува една тензија којашто за мене, во овој момент, во 21 век, навистина претставуваше едно големо изненадување. Причината за таа тензија во најголема мерка меѓу БиХ и Србија е погребот на Ратко Младиќ, а константните несогласување помеѓу Косово и Србија беа истотака присутни на масата и лица кои едната страна ги смета за организатори за нападот во Бањска – рече Мицкоски во интервју за МРТВ.

Тој посочи дека го изненадува фактот што може една работа да го запали целиот регион.

-Сето тоа мене не ме изненадува, но ме изненадува фактот што една работа може да го запали целиот регион, којашто може навидум, од нашата оптика како Македонија не изгледа толку голема, но очигледно дека една едноставна работа навиудм може да предизвика сериозни тензии, а тие тензии може да прераснат во конфликт. Не очекувам, но бев загрижен – рече Мицкоски.

Тој посочи дека на средбата кажал дека на граѓаните од регионот им требаат брзи испораки од Брисел.

-Кога зедов збор, она коешто јас го кажав е дека, и кога се обратив на високата претставничка за безбедносна, одбранбена и надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, дека јас лично сум загрижен за ова што го слушам денеска на маса и дека нам ни требаат брзи испораки од страна на Европската Унија. Нешто што може брзо да биде испорачано за да фрустрацијата којашто ја чувствуваат граѓаните во регионот полека, но сигурно почне да се намалува – смета Мицкоски.

Како дел од брзите мерки го посочи решавањето на проблемите со кои се соочуваат превозниците и најавеното воведување на принципот „Роум ет хоум“ (Roam at Home), односно бесплатен роаминг за граѓаните од Западен Балкан во ЕУ.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img