Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска од Тиват оцени дека процесот на проширување во Европската Унија е многу бавен и дека се потребни нови идеи за дополнително охрабрување на земјите од регионот да спроведат реформи. Тој порача дека ЕУ мора да покаже дека е способна за понатамошно проширување.
-Европската Унија мора да покаже дека е способна да се прошири, тука сме за да разговараме за тоа. Секако, постојат низа прашања на кои мора да одговориме заедно, но пред сè, мора да биде јасно дека овој дел од Европа има европска перспектива и припаѓа на Европската Унија – рече Мерц.
Според германскиот канцелар, фактот што ЕУ нема примено ниту една нова членка изминатите 13 години покажува дека постојат недостатоци и од самата Европска Унија во процесот на проширување.
-Фактот што не сме примиле нови членови веќе 13 години покажува дека има недостатоци и од страна на Европската Унија. Токму ова сакаме да го надминеме денес – рече тој.








