домаМакедонијаМеџити: Здравјето на граѓаните е на прво место – институциите координирано против...

Меџити: Здравјето на граѓаните е на прво место – институциите координирано против топлотниот бран

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата Изет Меџити, најави координирани мерки за заштита на граѓаните во периодот на високи температури, по одржаниот состанок со претставници на здравствени институции и Црвениот крст.

„Температурите бараат внимателност и заедничко дејствување. Затоа одржав координативен состанок со претставници на здравствените институции со цел преземање мерки за заштита на граѓаните“, истакна Меџити.

На состанокот било договорено ангажирање на медицински екипи на терен, кои ќе започнат активности од неколку локации, меѓу кои Паркот во Чаир, Паркот Риниа во Фуше Топанë и Старата чаршија. Екипите ќе вршат основни здравствени прегледи, ќе делат вода, ќе даваат стручни совети и информативни брошури со препораки за заштита од жештините.

Посебен акцент, како што беше истакнато, ќе биде ставен на најранливите категории граѓани, меѓу кои децата, бремените жени, повозрасните лица и хронично болните, со цел навремена превенција и заштита.

Меџити порача дека здравјето на граѓаните останува врвен приоритет, додавајќи дека активностите за информирање и превенција ќе продолжат и во наредниот период.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img