15.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаМеџити: Национален фестивал „Порта на културата“ ќе го зазема местото на албанската...

Меџити: Национален фестивал „Порта на културата“ ќе го зазема местото на албанската уметност во Скопје

- Advertisement -spot_img

Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Скопје го пречека светски познатиот тенор Раме Лахај, со кого оствари пријателска средба во Старата скопска чаршија.

По средбата, Меџити на социјалните мрежи ја најави новата иницијатива – мега проект во сферата на културата, кој ќе го врати Чаир и Скопје во центарот на културната мапа на Албанците.

Главниот град ќе биде домаќин на Националниот фестивал на албанската култура „Порта на културата“, единствен настан што ќе ја обедини музиката, театарот, филмот, литературата и ликовната уметност на една сцена.

Меџити му ја претстави идејата за овој фестивал на познатиот тенор, при што биле споделени заеднички визии.
Според Меџити, „Порта на културата“ ќе прерасне во нова традиција што ќе ги промовира албанските уметници и ќе ги поврзе генерациите преку уметноста и креативноста.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img