СДСМ по трет пат предлага минимална плата од 600 евра. ВМРО-ДПМНЕ го оценува предлогот како популистички и нереален. Како до повисоки плати во услови на инфлација? За минималната плата, Буџетот и економските политики во Топ Тема, дебата со пратениците Јованка Тренчевска од СДСМ и Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ.
Не очекувам ништо друго од една влада која освен за своите џебови не се грижи за ништо друго. Дали 26.000 денари се доволни или ако се двајца вработени 52.000 денари се доволни за едно четиричлено семејство да го помине достоинствено месецот. Тоа се основните трошоци ако немаат решено станбено прашање таа сума се качува на 90.000 денари. Зборуваме дека е нереално и популистички да барате да се покачи платата од 26 на 36.000. Ако се вратиме наназад СДСМ кога беше на власт, минималната плата беше 8.000 во текстилната индустрија, трудоинтензивните дејности имаа минимална плата од 8.000 денари, а останатите околу 10.000. Направивме изедначување на 12.000 што беше политичка одлука. Во 2022 година од 15.300 во услови на криза повторно со политичка одлука ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари. Во континуитет политиките на СДСМ се конзистентни во однос на животниот стандард на граѓаните во однос и на минималната и на останатите плати, рече Тренчевска.
Таа истакна дека оваа влада од почетокот на војната во Иран до денес не успа да донесе ниту една мерка за поддршка на животниот стандард на граѓаните.
Имате пари за ди-џеи и за 50луѓе да носите во САД, а немате за плата за граѓаните, за подобар стандард, праша Тренчовска.






