На прашањето зошто е нереално барањето на опозицијата за покачување на минималната плата од 26 на 36.000 евра, Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната Топ Тема рече дека „пари никогаш нема доволни и платите не се никогаш доволно високи“.
Ние сме општество кое стреми кон западниот систем на вредности, потрошувачко општество, сите имаме истрошени кредитни картички и сл. Сега е светска криза и ќе се затвораат фабрики, а дискусија за минимална плата нема, бидејќи има тековни проблеми. А кај нас има една стабилна ситуација, притисокот од ЕУ директно реплицира врз Македонија. 80% од нашата трговска размена е со ЕУ. Кризата во Украина и Иран не завршува и ние пред се треба да обезбедиме стабилност, лично според мене е најстрашно да ги подигаме платите врз основа на политичка одлука, истакна Јеревски.
Тој рече дека во пазарно стопанство такви нешто не постои. Според него решението е во просечната плата каде веќе има зголемување од 8.000 денари. Потребни се нови инвестиции и воведување на нови технологии и во такви услови само ќе се дефинира нивото на минималната плата.
Дали е подобро нула или 28.000 денари, дали е подобро да останат работниците без плата, како што се случува во ЕУ, праша Јаревски. Тој смета дека ако се направи дополнителен нереален притисок врз стопанството ќе дојдеме до ситуација да имаме граѓани без плата.






