15.8 C
Skopje
12 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаМеџити: Чаир ќе работи на модернизација и подобрување на условите во градинките...

Меџити: Чаир ќе работи на модернизација и подобрување на условите во градинките и училиштата

- Advertisement -spot_img

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој е и кандидат за градоначалник на општина Чаир, изјави дека средбата со децата во населба Топана била едно од најубавите искуства.

„Лагјата беше полна со деца, а нивните гласови и игри создаваа радост и оптимизам. Во нивната невиност и чистота се крие и причината за секој наш труд, секоја жртва и секоја вложена енергија“, рече Меџити.

Тој нагласи дека токму децата се мотивот за градење нови градинки, обновување на постојните училишта и изградба на нови, модерни училишта, меѓу кои и специјалното училиште „Иднина“ за деца со посебни потреби.

„Како родител и како кандидат за градоначалник, децата се најсилната причина за да работиме без престан. Секој чекор и секоја работа во Чаир е ветување што го исполнуваме, а денешните насмевки на децата потврдија дека сме на вистинскиот пат“, изјави Меџити.

Тој додаде дека општина Чаир ќе продолжи со развојот за иднината на децата и за благосостојбата на сите семејства.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img