Англискиот вицешампион Манчестер Сити е на врвот на глобалната листа на клубови кои добиваат пари од Програмата за клупски бенефиции на ФИФА поради настапот на нивни фудбалери на Светското првенство во 2026 година.
Се проценува дека тимот од Премиер лигата ќе заработи околу 4,4 милиони долари благодарение на шесте играчи кои стигнаа до финалната фаза.
Се очекува Барселона да заврши втора, Баерн Минхен втор, додека Арсенал четврти на листата на клубови кои ќе инкасираат најмногу пари од касата на ФИФА.
Вкупниот награден фонд оваа година е рекордни 355 милиони долари, од кои 250 милиони долари се наменети за учесниците во финалето. Исплатите се базираат на приближно 5.000 долари по играч дневно за време на турнирот. Европските клубови сè уште го добиваат најголемиот дел од парите, но проширениот формат со 48 селекции помогна во распределбата на исплатите на повеќе клубови низ целиот свет.






