домаМакедонијаСообраќајот се одвива непречено, можни се одрони на повеќе патни правци

Сообраќајот се одвива непречено, можни се одрони на повеќе патни правци

- Advertisement -spot_img

Сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива непречено, по наместа влажни коловози, а надвор од градските средини интензитетот е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од АМСМ предупредуваат на зголемена внимателност поради можноста за појава на одрони на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации и со поставена соодветна сигнализација. Изменет режим има и на делницата Калишта – Радожда, кај местото Елен Камен, каде возилата се пропуштаат наизменично по една сообраќајна лента.

Поради сезонскиот режим на сообраќај, од 17 ноември е затворен патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица за сите видови возила.

Времен режим е воведен и на автопатот А2, на делницата Пресека – Песочан до клучката Арбиново, поради градежни работи и санација на коловозот. Работи се изведуваат и на мостот на реката Тајмишка, на патниот правец Гостивар – Кичево.

На автопатот А1, на делницата Гевгелија – граничниот премин Богородица, поради градежни активности сообраќајот се пренасочува на спротивната страна од автопатот, каде возилата се движат во двете насоки.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември до 15 март е задолжително поседувањето зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img