15.8 C
Skopje
12 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаМакедонијатурист го враќа стариот сјај на Скипје – следува обнова на хотелите...

Македонијатурист го враќа стариот сјај на Скипје – следува обнова на хотелите „Бристол“, „Турист“, „Белви“ и „Арапска куќа“

- Advertisement -spot_img

Скопје наскоро ќе го врати дел од својот стар градски шарм. По најавената реконструкција на легендарниот хотел „Бристол“, компанијата „Македонијатурист“ планира целосна обнова и на уште три познати објекти – хотелите „Турист“, „Белви“ и „Јадран“, кај скопјани попознат како Арапска куќа.

Веќе е објавен јавен повик за прибирање понуди за изработка на идеен и основен проект со сите фази, како и проект за ентериерно уредување на трите хотели. На повикот може да учествуваат сите овластени проектантски бироа.

По повеќе од една деценија запуштеност, хотелот „Бристол“ неодамна повторно ги отвори вратите, што беше првиот сигнал дека започнува процесот на оживување на историските објекти кои некогаш беа симбол на скопскиот туризам и урбан дух.

Со најавената реконструкција на „Арапската куќа“, како и на хотелите „Турист“ и „Белви“, се очекува центарот на градот повторно да добие препознатливи локации кои ќе го спојат старото архитектонско наследство со современи стандарди на угостителство.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img