0.8 C
Skopje
15 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСпортМак-фудбалот во 2025: Епската серија на Вардар и триумф во Купот, потврден...

Мак-фудбалот во 2025: Епската серија на Вардар и триумф во Купот, потврден мандатот на Омерагиќ, Шкендија шампион, си замина Васе…

- Advertisement -spot_img

Исклучително интересна беше 2025 година во поглед на мак – фудбалот. Имаше многу настани кои треба да се одбележат, но кога ќе се прави ваква ретроспектива, треба да се напоменат оние најважните.

Ајде да тргнеме по ред.

Во март на Редовно собрание на ФФМ, на Масар Омерагиќ му беше потврден мандатот како претседател на Фудбалската федерација откако претходно во декември 2024 година на Вонредно собрание на ФФМ со акламација беше назначен за наследник на Муамед Сејдини.No photo description available.

Со него на чело добивме ВАР, направени се кратења во ПМФЛ и ВМФЛ, реорганизација на клупски план. Битола е сега средиште на У-21селекцијата, стадионот “Петар Милошевски“ доби нов шмек, обезбедување на нови спонзори за полесна работа на федерацијата, нов возен парк, обезбедување на нови оптимални услови за работа на сите селекции. Ангажман на нашите легенди во структурите на ФФМ, и тоа Горан Пандев, Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов, Илија Најдоски, Артим Шаќири, Николче Новески…

ВРАЌАЊЕ НА НАЈТРОФЕЈНИОТ, ТИТУЛАТА ВО ПМФЛ ЗА ШКЕНДИЈА, КУПОТ ЗА ВАРДАР

Кога сме кај Вардар секако дека треба да се каже дека 2025 година е година на враќање на најтрофејниот и тоа на голема врата. Вардар оваа година под водство на тренерот Гоце Седлоски има епска серија од 35 меча без пораз на домашна сцена. Само првиот меч, тој со Шкендија во Скопје во пролетниот дел од сезоната 2024/25 беше загубен. Серија која ќе се памети и серија која трае. Вардар во 2025 година за првпат по 18 години успеа да го освои пехарот во Купот на Македонија. Имаше и солиден настап во фудбалска Европа во квалификациите во Лигата на Конференции а годината ја заврши како есенски првак во ПМФЛ во сезоната 2025/26.No photo description available.

Шкендија во мај ја прослави својата петта титула во својата историја, апсолутно заслужено, тренерот Јетон Беќири и неговите избраници потоа во фудбалска Европа со пласманот во групната фаза во ЛК, а потоа и со таа европска пролет испишаа историја.

Секако дека треба да се спомене дека оваа есенска полусезона за првпат во Македонија имавме ВАР. Јасно е дека не беше се идеално, но секако и судиските грешки со ВАР – технологијата се намалија. Ова е предуслов за поквалитетен фудбал.

За првпат во Македонија сега имаме можност преку ТВ преноси цела ПМФЛ да ја имаме на дланка што се вели. Се вршат ТВ преноси во живо од сите мечеви и за првпат кај нас, нешто налик на најквалитетни првенства во Европа, мечевите во едно коло се играат во два – три дена, некогаш и повеќе, на задоволство на вистинските фанови на домашниот фудбал.

Треба да се каже дека УО на ФФМ покрена постапка против некогашниот претседател на федерацијата Муамед Сејдини поради основано сомнение за измама и доведување во заблуда на членовите на УО, поврзано со авансната исплата во износ од 700.000 евра кон фирмата – изведувач задолжена за изградба на трибината на стадионот “Билјанини извори“ во Охрид.

Меѓу другото, ќе се испита и начинот на кој поранешниот селектор Игор Ангелвски ја добил својата ПРО лиценца, ревизија која тој самиот ја побара.

May be a black-and-white image of one or more people

За крај на годината Македонија остана без својата фудбалска легенда, без иконата на Вардар, Васил Рингов кој почина на 70 година. Што значеше Васе за мак – фудбалот и за фудбалот на овие простори доказ за тоа е како таа страшна вест беше пренесена во Србија, БиХ, Хрватска… Тоа беше главна вест.

Како што беше објавено од страна на ФК Вардар на комеморацијата, дресот со бр.11, дресот на Васе, е повлечен. Инаку е покрената е иницијатива, во чест на Васе, јужната трибина на Арената “Тодор Проески“ да го носи неговото име.

Секако дека тоа Васил Рингов како една наша фудбалска легенда, а пред се човечка величина тоа и го заслужува.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img