домаМакедонијаГлутница кучиња нападнала маж во Ѓорче Петров, завршил на петчасовна операција

Глутница кучиња нападнала маж во Ѓорче Петров, завршил на петчасовна операција

- Advertisement -spot_img

Жители на улицата „Македонска војска“ во скопската општина Ѓорче Петров алармираат за проблем со четири кучиња кои, според нивните сведоштва, подолг период напаѓаат минувачи во близина на маркетот „Астор“.

Жителка на населбата раскажува дека кучињата се наоѓаат во овој дел од Ѓорче Петров и дека особено во утринските часови трчаат по луѓе, без разлика дали се движат пеш, со велосипед или со мотор.

Нејзиното семејство веќе имало сериозно искуство со кучињата. Нејзиниот сопруг Горан Тачев бил нападнат околу 22 часот, а обидувајќи се да се одбрани и движејќи се наназад, паднал и се здобил со тешка повреда на раката.

Според нејзиното сведоштво, при падот го скршил зглобот на неколку места. Поради сериозноста на повредата морал да биде опериран, а хируршката интервенција траела околу пет часа. При операцијата му биле поставени две плочки.

Ова, како што вели таа, не е единствениот случај во нивното семејство.

Нејзиниот син досега трипати бил нападнат од истите кучиња, а со слични ситуации, според нејзините зборови, се соочиле и повеќе нивни соседи.

Жителите стравуваат дека доколку проблемот не биде решен навреме, може да дојде до уште посериозен инцидент, особено имајќи предвид дека по улицата секојдневно се движат голем број граѓани.

Тие бараат надлежните служби да излезат на терен, да ја проверат состојбата и да преземат соодветни мерки со кои истовремено ќе се обезбеди безбедноста на граѓаните и соодветно постапување со животните.

Во конкретниот случај, обидот да се избегне нападот завршил со повеќекратна фрактура, долга операција и поставување две плочки во зглобот.

Жителите на овој дел од Ѓорче Петров очекуваат реакција од надлежните и решение на проблемот пред да се случи нов инцидент.

Град Скопје уште во 2022 година објавил дека екипите на ЈП „Лајка“ интервенирале на четири критични локации во Ѓорче Петров и заловиле кучиња, што дополнително покажува дека проблемот е присутен со години.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img