домаМакедонијаМуцунски: Заштита на националните интереси, економската дипломатија и заштата на граѓаните кои...

Муцунски: Заштита на националните интереси, економската дипломатија и заштата на граѓаните кои живеат надвор од границите – стратешки приоритети на дипломатијата

- Advertisement -spot_img

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните кои живеат надвор од границите на нашата држава се трите стратешки национални интереси, кои денеска ќе им бидат презентирани на членовите на Амбасадорскиот совет, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Пред одржувањето на Амбасадорскиот совет на кој треба да се обрати и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Муцунски во изјава за медиумите истакна дека целта во рамките на оваа сесија со претседателот на Владата е нашите амбасадори и генерални конзули изворно да слушнат кои се приоритетите за следната година и да добијат насоки за постапување по однос на нашите клучни стратешки национални интереси.

-​Прво е заштитата на македонските национални интереси. ​Второ е користењето на потенцијалот на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија, но и стимулирање на трговијата, односно извозната компонента на нашата економија. ​Третата е заштитата на интересите на нашите граѓани надвор од нејзините граници — независно дали се тоа Македонци коишто живеат надвор од нашата држава или се тоа наши граѓани коишто патуваат заради различни причини. И во таа смисла тука зборуваме пред сè за конзуларните услуги и потребата од нивна модернизација, подобри услуги за Македонците надвор од границите на државата-изјави Муцунски.

Прашан за кои пазари гледа најголем потенцијал, Муцунски со одговор дека нема никаква дилема оти клучен наш пазар за економска соработка се земјите во Европската Унија.

-Тој ни е најзначаен трговски партнер – земјите членки на Европската Унија. Но, еднакво значајно во последниот период и импетусот, кој што го даваме насочен кон засилена трговска соработка со Соединетите Американски Држави. Скоро беше тука во посета претседателката на Индија. Индија исто така е еден значаен пазар. Земјите од Арапскиот Залив се исто така земји со кои што гледаме интерес и гледаме засилена соработка во следниот период. ​Така што, секако примарна ни е соработката со оние традиционални трговски партнери, но отвораме можности и за нови пазари и тоа се дел од приоритетите на нашите дипломатско-конзуларни претставништва-рече Муцунски.

Претседателот на Владата, Мицкоски пред почетокот на Амбасадорскиот совет вели дека тоа што е стратешка определба на Министерството за надворешни работи е стратешка определба на Владата и како што рече „тука не треба никој да има дилема“. -Тоа што го кажа министерот е апсолутно усогласено со политиките на Владата. Така што дел од пораките што јас денеска ќе ги зборам пред нив се содржани во тие три столба-изјави Мицкоски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img