Полицијата лишила од слобода 47-годишен жител на Велес, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал со автомобил и покрај тоа што имал активна забрана за возење.
Според информациите од СВР Велес, на 23 октомври, околу 16:50 часот, полициски службеници запреле патничко возило со велешки регистарски ознаки на улицата „Кумановска“ во Велес. Со автомобилот управувал Д.Ќ. (47).
При проверката на возачот и документацијата, полицајците констатирале дека тој седнал зад воланот и покрај важечката забрана за управување со моторно возило.
По насоки на јавен обвинител, 47-годишникот бил приведен во полициска станица, а автомобилот бил одземен.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






