Плодот костен содржи многу минерали и витамини како што се магнезиум, калциум, калиум, фосфор, железо и повеќе групи од витаминот Б. Плодовите се користат во исхраната на повеќе начини како варени, печени, пире, сушен, во многу слатки и солени јадења, како и медот од костени кој е многу полезен.
Поради комбинацијата на калциумот, фосфорот и магнезиумот кои се содржат во костените, тие се исклучително корисни за коските и забите.
Костените содржат железо и во комбинација со некое свежо овошје кое содржи витамин Ц, помагаат во борбата против анемија и замор.
Исто така, костенот е единствениот јаткаст плод кој содржи витамин Ц. Како оревите и бадемите, костенот на содржи глутен. Костенот е необично богат со фолна киселина, која обично се наоѓа во лиснатиот зелен зеленчук. Фолната киселина е неопходна за раст на клетките, синтеза на ДНК и нормална работа на нервниот систем.
Мононезаситените масти го штитат кардиоваскуларниот систем и помагаат при намалување на високиот холестерол. Костенот помага при бубрежни и стомачни тегоби, а може да се користи и за исфрлување на вишокот вода од организмот.






