домаМакедонијаКомуналец – Прилеп го модернизира системот за селекција на електричен, текстилен и...

Комуналец – Прилеп го модернизира системот за селекција на електричен, текстилен и стаклен отпад

- Advertisement -spot_img

Јавното комунално претпријатие ЈКП Комуналец Прилеп информира дека во Прилеп е ставено во функција собирно место за селекција на електричен и електронски отпад, текстил и стаклена амбалажа, со цел унапредување на системот за управување со отпад и заштита на животната средина.

Новото уредено собирно место им овозможува на граѓаните правилно да го одлагаат отпадот кој претходно најчесто завршувал во комуналните контејнери или во природа. Просторот е јасно означен со информативни табли и означени пунктови за секој вид отпад, со цел полесно и правилно селектирање.

Дополнително се поставени и игло-звона за одлагање на стаклена амбалажа, со што се олеснува собирањето на шишиња и тегли од домаќинствата.

Во собирното место граѓаните можат да одлагаат електричен и електронски отпад како бела техника, мали електрични апарати, ИТ опрема, светилки и монитори, при што со отпадот постапува колективниот постапувач „Ел Колект“.

Исто така се прифаќа и текстилен отпад, вклучувајќи облека, постелнина и перници, со кој управува колективниот постапувач „Тексомак“.

Од „Комуналец“ упатуваат апел до граѓаните да го користат собирното место совесно, да вршат правилна селекција и да не мешаат различни видови отпад, со цел системот да функционира ефикасно и одржливо.

Просторот е под 24-часовен надзор, а локацијата се наоѓа на улица „Трајко Николоски“, пред гаражите на „Комуналец“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img