домаМакедонијаКоњановски: ТАВ Македонија ќе го поддржува развојот на младинскиот фудбал во ФК...

Коњановски: ТАВ Македонија ќе го поддржува развојот на младинскиот фудбал во ФК Пелистер

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, соопшти дека ТАВ Македонија станува нов спонзор на младинскиот фудбал на ФК Пелистер.

Спонзорството има за цел унапредување на квалитетот, конкурентноста и меѓународното искуство на младите фудбалери, преку организирање контролни натпревари и учество на домашни и меѓународни турнири во текот на подготвителниот зимски период и натпреварувачката полусезона 2026.

Од ТАВ Македонија истакнаа дека поддршката претставува инвестиција во младите и нивниот развој, нагласувајќи дека од денеска логото на компанијата ќе биде присутно на новите дресови на младинските категории на клубот.

Генералниот директор на компанијата, Неџат Курт, порача дека со ова спонзорство се поддржуваат не само идните професионални фудбалери, туку и повеќе од 400 деца кои тренираат во младинските категории на клубот.

Координаторот на Првата македонска фудбалска школа на Пелистер, Марјан Секуловски, изрази благодарност за поддршката, оценувајќи дека таа ќе придонесе за развој и унапредување на младинските категории.

Со оваа соработка, како што посочи Коњановски, се потврдува значењето на општествената одговорност и поддршката на младинскиот спорт како инвестиција во иднината на Битола и македонскиот фудбал.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img