HomeМакедонијаКоњановски: спортската сала во Бистрица ќе се изгради – Општината ќе го...

Коњановски: спортската сала во Бистрица ќе се изгради – Општината ќе го реши неочекуваниот проблем на терен

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, заедно со секретарот на општината Борче Димитровски и претставници од општинската администрација, оствари средба со директорката на училиштето, советот на родители, наставници и жители на Бистрица, каде беа информирани за текот на проектот за реконструкција на поранешниот културен дом во мултифункционален објект.

Како што беше посочено, објектот треба да прерасне во современ простор за спортски и културни активности, а на средбата присуствувал и изведувачот на градежните работи.

Проектот е инициран по барање на жителите на Бистрица, при што општината изготвила проектна документација и веќе започнала со градежни активности. Сепак, со почетокот на работите се појавил сериозен проблем – септичката јама, која според документацијата требало да биде надвор од објектот, всушност се наоѓа во близина на темелите.

Оваа состојба наложи дополнителни интервенции, бидејќи септичката јама не била предвидена ниту во проектот, ниту во договорот за изведба.

За надминување на проблемот, општината веќе работи на нова проектна документација за овој дел, по што на седница на Советот ќе се обезбедат дополнителни средства и ќе се склучи анекс на договорот со изведувачот, со цел продолжување на градежните активности.

Со реализацијата на проектот, по повеќе од 40 години, објектот со површина од 386 метри квадратни ќе добие нова функција и современ изглед. Предвидена е целосна реконструкција со примена на модерни конструктивни решенија и интеграција на спортски содржини.

Вкупната инвестиција изнесува околу 37,6 милиони денари, без дополнителните средства кои ќе бидат обезбедени поради новонастанатиот проблем.

Од општината истакнуваат дека целта е да се обезбеди максимална функционалност на објектот и да се создаде современ простор кој ќе им служи на граѓаните, особено на младите во оваа населба.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img