HomeМакедонијаКоњановски со велигденска честитка: Да негуваме добрина, вера и заедништво во секој...

Коњановски со велигденска честитка: Да негуваме добрина, вера и заедништво во секој дом

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните по повод најголемиот христијански празник Велигден, испраќајќи порака за здравје, радост и заедништво.


Во својата објава, Коњановски им се обрати на сограѓаните, пријателите и христијаните, посакувајќи им празнични денови исполнети со слога, среќа и топлина во семејствата. Тој нагласи дека Велигден е празник кој ја симболизира победата на љубовта, надежта и доброто над злото, како и животот над смртта.
„На овој ден да се потсетиме на најголемите вредности кои треба да нè обединуваат: добрината, хуманоста и чесноста“, порача Коњановски, додавајќи дека меѓусебното почитување и негувањето на традицијата се клучни за создавање подобра иднина.


Тој ги повика граѓаните да го прослават Воскресението Христово со достоинство и да се стремат секојдневно да ја живеат верата преку добри дела, грижа за ближните и позитивни вредности.


Празничната честитка ја заврши со традиционалниот христијански поздрав:


Христос Воскресна! – Навистина Воскресна!

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img