Нови, построги правила ги очекуваат сите кои планираат викенд или летување во Грција. Соседната земја го измени Законот за сообраќај, со што се воведува нов стандард за прва помош (DIN 13164:2022), кој е значително поскап и пообемен од претходно пропишаното.
Сега, целиот комплет чини некаде околу 31 евро, наспроти стариот, кој беше неколку евра, а казната за несоодветна прва помош изнесува 30 евра. Сетот мора да содржи 16 клучни работи, меѓу кои термо-ќебе, специјални облоги за изгореници и заштитни маски.
„Мерките веќе стапија во целосна сила и радикално го менуваат секојдневниот живот на возачите. Претходното ограничување во населени места од 50 км/час сега е намалено на само 30 км/час“, пренесува грчка „Прототема“.
Задолжително е во возилото да имате и противпожарен апарат, триаголник, рефлектирачки елек и резервна гума.








