HomeХроникаШверц со „Ејпл“ часовници - ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА во скопска мобилара

Шверц со „Ејпл“ часовници – ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА во скопска мобилара

- Advertisement -spot_img

Царинската управа разоткри несекојдневен обид за криумчарење и прикривање стока, во кој главни актери се скопска мобилара и лица со пристап до безбедносните системи на аеродромот. Откако мобилниот царински тим открил 20 непријавени „Ејпл“ часовници во пратка со таблети пристигната од Дубаи, стоката била привремено одземена и заклучена во безбедносен сеф.

Меѓутоа, наместо тука да заврши случајот, започнала вистинска операција за замена на доказите. Осомничените, во соработка со лица кои имале пристап до сефот, го отклучиле истиот и оригиналните паметни часовници ги замениле со евтини копии. Оригиналите му биле предадени на увозникот, кој веднаш ги изложил за продажба во својот салон, верувајќи дека трагата е сокриена.

Темелната истрага на Секторот за контрола и истраги, поддржана со форензика и налог од јавен обвинител, довела до претрес во самата мобилара каде биле пронајдени оригиналните часовници вредни 570 илјади денари. Поради овој скандал, поднесена е кривична пријава против вкупно осум субјекти – шест физички и две правни лица, кои сега се товарат за криумчарење, прикривање на стока и злоупотреба на службената положба.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img