домаМакедонијаКоњановски со порака до Пелистер: Цела Битола е зад вас пред клучниот...

Коњановски со порака до Пелистер: Цела Битола е зад вас пред клучниот меч

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателот на Советот и секретарот на општината, даде поддршка за фудбалерите на ФК „Пелистер“ пред претстојниот бараж натпревар за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Како што истакна Коњановски, станува збор за еден од најважните натпревари во сезоната, во кој битолскиот клуб ќе се соочи со екипата на Шкендија Арачиново во Кавадарци.

Тој упати повик до навивачите, спортските работници и љубителите на фудбалот да се обединат и да им дадат силна поддршка на фудбалерите.

„Ги повикуваме сите заедно да бидеме поддршка на нашите фудбалери на најважниот натпревар оваа сезона. Сезоната не беше совршена, имаше и падови, но тие никогаш не се откажаа, како што не се откажавме ни ние“, порача Коњановски.

Тој додаде дека во недела е време за обединување и за заедничка борба за победа.

„Само еден тим, само еден град, само Пелистер, само Битола“, истакна градоначалникот на Битола.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img