HomeМакедонијаКоњановски се сретна со норвешката амбасадорка: Нови можности за соработка и развој

Коњановски се сретна со норвешката амбасадорка: Нови можности за соработка и развој

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Норвешка, Кристин Мелсом, која беше во придружба на амбасадорот на Македонија во Норвешка, Дритон Кучи.

На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете земји, кои со децении се градат врз основа на пријателство и конструктивно партнерство. Соговорниците разменија мислења за можностите за унапредување на соработката, со посебен акцент на универзитетските врски и развојот на заеднички иницијативи.

Коњановски ја запозна амбасадорката со потенцијалите на Битола, презентирајќи ја „личната карта“ на градот, како и можностите за соработка во повеќе области од заемен интерес.

Амбасадорката Мелсом, која преку амбасадата во Белград е надлежна за регионот, вклучително и за Македонија, изрази подготвеност за продлабочување на односите и поддршка на идни проекти.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img