домаМакедонијаКоњановски: Реконструкција на спортската сала во ОУ „Елпида Караманди“ – инвестиција над...

Коњановски: Реконструкција на спортската сала во ОУ „Елпида Караманди“ – инвестиција над 4,4 милиони денари

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска изврши увид во реконструкцијата на дел од спортската сала во основното училиште „Елпида Караманди“, проект кој има за цел подобрување на условите за учениците и наставниот кадар.


Според информациите од директорката Емилија Николовска-Спировски, реконструкцијата опфаќа:
целосна замена на дограмата во спортската сала,
нова електрична инсталација,
поставување плочки во ходниците и соблекувалните,
санација на санитарните јазли со нов довод и одвод,
комплетно опремување на тоалетите и соблекувалните.


Во рамките на проектот е предвидено и поставување фотоволтаичен систем, со што училиштето ќе добие поефикасно и енергетски поодржливо снабдување со електрична енергија.


Вкупната инвестиција изнесува 4.481.290 денари, средства обезбедени од Министерството за образование и наука.


Градоначалникот истакна дека Општина Битола во соработка со централната власт продолжува со вложувања во модернизација на образовните институции, со цел создавање подобри услови за учениците и подигнување на квалитетот на наставниот процес.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img