9.8 C
Skopje
7 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаКоњановски: Нашата државност почива на Македонската револуционерна борба

Коњановски: Нашата државност почива на Македонската револуционерна борба

- Advertisement -spot_img

Во Битола денес беше одбележан 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. По тој повод, пред споменикот на Даме Груев во дворот на Заводот и музеј, свежо цвеќе положија градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, претставници на Советот на општината, Сојузот на борци, политичките партии и Здружението на ветерани од безбедноста.

Градоначалникот Коњановски истакна дека овој ден е силен симбол на непокорот и стремежот кон слобода и државност на македонскиот народ.

„Пред 132 години, на денешен ден, беше основана Македонската револуционерна организација во Солун. Денес им оддаваме почит пред споменикот на еден од нејзините основоположници, Даме Груев, со што се потсетуваме на почетоците на македонското револуционерно движење и организираната борба на македонскиот народ за формирање на независна држава“, изјави Коњановски.

Тој додаде дека 23 Октомври не е само ден за сеќавање, туку и потсетник за обврската на современите генерации да ја продолжат борбата за континуиран напредок и развој на Македонија.

„Овој празник е должност во денешнината – за посветеност, напредок и силна Македонија. Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба“, порача Коњановски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img