домаМакедонијаДС ги осудува вчерашните протести на студентите Албанци, велат „загрижува што беа...

ДС ги осудува вчерашните протести на студентите Албанци, велат „загрижува што беа присутни и граѓани на Косово и Албанија

- Advertisement -spot_img

Демократски сојуз најостро ги осудува вчерашните протести и обидите за политичка злоупотреба на прашањето за употребата на албанскиот јазик во правосудниот систем. Велат дека особено загрижува фактот што на протестите беа присутни и граѓани од соседните држави Косово и Албанија, што претставува, како што велат, недозволив обид за надворешно влијание врз внатрешните политички и институционални прашања на Република Македонија.

-Очигледно е дека зад овие активности стои политичката агенда на ДУИ, која по губењето на власта се обидува преку националистичка реторика, етнички тензии и вештачки кризи да предизвика дестабилизација на државата и да обезбеди политички поени.

Демократски сојуз смета дека правото на употреба на албанскиот јазик мора да биде гарантирано и почитувано согласно Уставот, Охридскиот рамковен договор и законите, но истовремено мора да се зачува единствениот, функционален и ефикасен правосуден систем кој функционира на македонски јазик како службен јазик на државата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img