HomeМакедонијаКоњановски ја започна изградбата на новата училишна спортска сала во ОУ „Стив...

Коњановски ја започна изградбата на новата училишна спортска сала во ОУ „Стив Наумов“ во Битола

- Advertisement -spot_img

Започна изградбата на типската училишна спортска сала во дворот на ООУ „Стив Наумов“ Битола. Денеска градоначалникот на Битола, Тони Коњановски беше на локацијата каде ќе биде изградена оваа училишна фискултурна сала на површина од 650 м2.

Објектот е наменет за спортски и рекреативни активности во мали спортови како кошарка, одбојка, гимнастика, ракомет, пинг понг и други спортови поврзани со училишното образование.

Објектот ќе има две секции, едната за помошни простории ( соблекувална, канцеларија и тоалети), а другата секција е фискултурна сала со димензии 15 на 30 метри и висина 7,6 метри.

Вкупната вредност на проектот е 48.297.406 денари и се средства од вториот владин повик преку Министерството за образование и наука, а дел од нив од буџетот на Општина Битола.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img