Заштитата на срцето во голема мера зависи од начинот на исхрана, но и од секојдневните навики кои често ги сметаме за безопасни. Рутините како прескокнување оброци, прекумерно внесување кафе или недоволна хидратација со тек на време можат да го зголемат ризикот од висок крвен притисок и срцеви заболувања. Добрата вест е што овие навики релативно лесно се коригираат со мали, но значајни промени.
Еден од честите проблеми е додавањето големи количини шеќер или засладувачи во кафето. Иако самото кафе не е нужно штетно, додатоците можат да го зголемат ризикот од кардиоваскуларни болести. Прекумерниот внес на шеќер е поврзан со срцеви проблеми, а и вештачките засладувачи не се секогаш безбедна алтернатива.
Друг значаен фактор е прекумерниот внес на сол, особено преку преработена и пакувана храна. Високото ниво на натриум директно влијае врз покачување на крвниот притисок и го оптоварува срцето. Слично, исхраната богата со рафинирани јаглехидрати и шеќери може да доведе до нагли промени во шеќерот во крвта, зголемување на телесната тежина и повисок ризик од дијабетес и срцеви заболувања.
Прескокнувањето на појадокот или изборот на брза, засладена храна наутро дополнително го нарушува балансот во организмот. Ова може да предизвика нестабилни нивоа на инсулин и дополнителен притисок врз крвните садови, што долгорочно го зголемува ризикот за срцето.
Недоволната хидратација е уште една честа грешка. Во текот на ноќта телото губи течности, па внесот на вода наутро е особено важен. Дехидратацијата може да ја згусне крвта и да го натера срцето да работи понапорно, што го зголемува ризикот од срцеви проблеми.
И за крај , рекумерното внесување кафе, особено на празен стомак, може нагло да го покачи крвниот притисок и хормоните на стрес. Затоа се препорачува денот да започне со вода и балансиран оброк, а потоа умерено да се консумира кафе.








