HomeМакедонијаЛДП: Прашањето за државјанството на пратениците и функционерите да се регулира со...

ЛДП: Прашањето за државјанството на пратениците и функционерите да се регулира со отворање на Уставот

- Advertisement -spot_img

Правникот и член на раководството на ЛДП, Илија Чилиманов, посочува дека обидите со закон да се регулира прашањето на државјанството на пратениците, без притоа да се отвори Уставот, е свесна манипулација, се наведува во соопштение на Либерално-демократската партија (ЛДП).

Либерално-демократската партија (ЛДП) повикува на итно прекинување на празната реторика и лажниот патриотизам што се сервира преку селективни законски измени. Наместо дневнополитички театар, кој ни го сервираа(т), ЛДП нуди правно решение за вистинска одговорност на секој избран и назначен функционер.

Истакнатиот правник и член на раководството на ЛДП, Илија Чилиманов, посочува дека обидите со закон да се регулира прашањето на државјанството на пратениците, без притоа да се отвори Уставот, е свесна манипулација.

„Како либерали, ние не го спориме правото на избор на секој граѓанин. Но, како правници, укажуваме дека не смее да има демагогија: предлозите кои се косат со Европскиот суд за човекови права се само ветер и магла. Ако предлагачите навистина сакаат функционери со само едно државјанство, патот е само еден, веднаш да се отвори Уставот и правилата да важат подеднакво за сите, без привилегии“, нагласува Чилиманов.

ЛДП инсистира на конкретни чекори за соголување на оваа нова популистичко-политичка претстава:

1. Нотарска изјава како личен тест: ЛДП ги повикува сите пратеници и функционери да дадат нотарска изјава за државјанството под кривична одговорност. Да се види кој е подготвен да ја гарантира својата искреност со законска последица, а кој само профитира од популизам.

2. Сеопфатни уставни измени: Отворањето на Уставот е шанса не само за дефинирање на критериумите за функционерите, туку и за остварување на клучните заложби на ЛДП за еднаквост и економски заштеди за народот: намалување на бројот на пратеници на 90 и ограничување на бројот на членови на Владата на максимум 15.

3. Крај за двојните аршини: Политичката елита не смее да биде над граѓаните. Лојалноста не се докажува со знамиња или политички трикови, туку со почитување на институциите и уставниот поредок.

ЛДП останува на ставот дека државата не се сака со демагогија, неискреност и дволичност, туку со транспарентност и чист образ пред граѓаните. Време е некои политичари да престанат да се кријат зад популистички флоскули и да покажат вистинска храброст за системски промени. Граѓаните сакаат да знаат за кого гласаат и што им останува во џебот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img