домаМакедонијаКлековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија,...

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

- Advertisement -spot_img

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство, Сашо Клековски, на „Розовиот пикник појадок“ во паркот кај Школка, организиран од „Хема-онко“. Тој истакна дека подигнувањето на свеста за ракот на дојка останува еден од приоритетите, посочувајќи дека за успешно лекување е неопходно навреме да се открие болеста. Еден од главните проблеми сега, како што истакна тој, е скрининг-програмата за рак на дојка, која според извештајот на Државниот завод за ревизија е неуспешна.

– Мораме комплетно да го премислиме концептот и се надевам многу бргу, заедно со “Хема-онко“, ќе промовираме нов концепт за скрининг-програмата – рече Клековски.

Министерот информира дека се префрлени два лека за рак на дојка на позитивната листа, со што пациентките што се на хронична терапија можат да ги подигнуваат лековите во аптеките наместо да доаѓаат на Клиниката за онкологија. Според него, снабдувањето со лекови во моментов е стабилно, но Министерството за здравство анализира дополнителни мерки за надминување на прекините во испораката на терапијата.

Тој потсети и дека од минатата година е обезбедена дополнителна финансиска поддршка за Клиниката за торакална хирургија и за Клиниката за пластична хирургија, со цел реконструктивните зафати да се изведуваат веднаш по оперативниот третман.

– За нас, тоа не е само естетско прашање туку и прашање на психофизичкото здравје и квалитетот на живот на жените што се соочиле со оваа болест – нагласи Клековски.

Ана Марјановиќ од „Хема-онко“ истакна дека редовните самопрегледи и раното откривање може значително да ја зголемат шансата за успешно лекување на ракот на дојка, а кај жените кај кои е откриена болеста во рана фаза стапката на преживување надминува 99 проценти. Таа потенцира дека подигнувањето на свеста и раната дијагностика остануваат најсилното оружје во борбата против ракот на дојка.

Таа посочи и дека годинава е воведен тумор-борд за третман на ракот на дојка, кој го оцени како значаен исчекор во лекувањето.

– Наместо одлуките за третманот да ги носи поединец, за секоја пациентка треба заеднички да одлучува мултидисциплинарен тим составен од онколози, торакални хирурзи, радиолози и од патолози – појасни Марјановиќ.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img