40-годишна жена го пријавила поранешниот свекор во полиција, бидејќи физички ја нападнал нејзината малолетна ќерка.
Како што информираат од МВР, вчера во 14:55 час во ОВР Кичево, 40-годишна жена пријави дека на 29.06.2026 нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот поранешен свекор, а кон двете упатил закани.
Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.






